150
Велика Британија планира да тестира 25.000 луѓе на ден до средината на април, изјави министерот за домување Роберт Џенрик.
Британците добиваат критики за доцната реакција на пандемијата и за малиот број на тестови. Досега, за коронавирус биле тестирани 143.146 лица, а над 25.000 биле тестирани позитивно. Загинаа повеќе од 1.700 луѓе. За споредба, Германија тестира 70.000 луѓе на ден.
„Важно е да се тестираат луѓето, не само оние кои би можеле да завршат во критична состојба, туку и здравствените работници кои се јасно потребни“, рече Џенрик.