309
Грчката крајбрежна стража забрани пливање, риболов со копје и рекреативни спортови на вода, како дел од мерките за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
Земјата е втора недела во изолација. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови од важни причини, вклучително и шетање на домашно милениче или вежбање.
Од крајбрежната стража велат дека пливање, риболов со копје и рекреативни спортови на вода, пренесе Ројтерс.
Грција има илјадници километри крајбрежје и активностите на плажа се многу популарни.
Во Грција, 1.415 се заразени со коронавирус, а 50 починале.