Во Тетово над 160 работници во фабрика за производство на предиво и волница остануваат без работа, а луѓето обвинуваат дека од страна на раководството им било извршено принуда да потпишат анекси на договорите за работа.
Велат дека иако добиле договори за работа на три месеци, биле принудени за истите да потпишат анекси и со тоа останале без работа. Тие сметаат дека се изиграни со цел да не да добијат плати за февруари и март.
-Сите вработени во Тетекс Јарн Лимитед на од 1 до 10 март март потпишавме договори на 3 месеци. На 17 март ни беа дадени нови договори за работа со важност од 9 март до 31 март без напишан износ на плата. Така со завршување на на „новиот” договор од 1 април 2020 ние остануваме без работа. Раководната структура не ни исплати плати за февруари како и сега за март, а со тоа немаме ни платени придонеси. Од раководството ни се заканија дека мора да ги потпишеме анексите инаку нема да ни даде одјава од работно место за да се пријавиме како невработени. Исто така ни се заканија дека нема да ги добиеме платите за февруари и март, директорот ни рече дека правдата е на нивна страна. Меѓу нас има луѓе со по 35 години стаж, велат работниците кои се обраитја до нашата редакција и сакаат да останат анонимни поради страв од реваншизам по нив.
Работниците го пријавиле случајот до Државниот инспекторат за труд и други соодветни институции.
Редакцијата на МИА телефонски се се обиде да добие одговор од раководството, но одговор не добивме и покрај неколкуте повици и пораки.
Фабриката која производство на предиво и волница е компанија со доминантен бугарски капитал.