Француските научници да започнат со истражување што би можело да им помогне на најсериозните пациенти со коронавирус. Респираторнаta замена може да се најде во природата, во крвта на морскиотцрв.
Крвните компоненти на морскиот црв кои живеат на плажите на Бретања би можеле да им помогнат на најтешко болните, според француските научници предводени од биологот Френк Зал и еден од најпознатите француски хирурзи, Лоран Лантиер.
Крвта на ова животно, кое е во должина помеѓу 10 и 15 сантиметри, може да апсорбира 40 пати повеќе кислород од човекот, а благодарение на ова, може да преживее неколку часа без дишење, па научниците сметаат дека тоа би можело да им помогне на оние кои страдаат од Ковид 19 и кои имаат големи потешкотии со дишењето.
Првите тестови на 10-те најтешки пациенти треба да започнат наскоро, а истражувачите се надеваат дека инјектирањето молекули од крвта на црвот може да помогне да се спречат пациентите со потешкотии во дишењето да не се прицврстуваат на респиратор.
Идејата за користење на оваа молекула, изолирана од крвта на морски црв, за борбата против вирусот, потекнува од Френк Зал, кој изгуби двајца пријатели од болеста.
Во тоа има помош и од Лоран Лантиер, кој е шеф на пластична операција во познатата париска болница |„Жорж Помпиду“, кој веќе ја користеше овој препарат за трансплантација на лице и бубрези.
Лантиер вели дека ако тестовите на првите 10 пациенти се покажат добри, ќе се направи поголема студија.
Тој додава дека овој препарат може да се направи многу брзо и дека неговата примена во клиничката пракса кај трансплантациите се покажала како извонредна.