391
Во Италија починале 542 лица во последните 24 часа, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 17.669 во таа земја.
Бројот на новозаразени се зголеми и изнесува 3.836 во однос на 3.039, колку што биле претходниот ден.
Тоа е најмал број на нови случаи од 13 март.
Исто така, бројот на починати во текот на еден ден е најмал од 17 март, покрај 5 април, како единствен ден во кој имало помалку смртни случаи во текот на овој период.
Бројот на починати лекари исто така се зголемил и сега изнесува 96.
Во Италија досега се заразени 139.442 лица, додека 17.669 лица починале. Тоа е најтешко погодената држава во светот.