Кина и другите големи економии можат да продолжат да користат јаглен како главен извор на енергија со децении, ако тие иградат нов капацитет за ги стимулирање на своите економии откако ќе заврши кризата околу ширењето на коронавирусот. И, според „Carbon Tracker“, Пекинг размислува токму за таква опција.
Тинк-тенкот открива дека 46% од светските централи на јаглен ќе работат со загуба во 2020 година, при што учеството на непрофитабилниот капацитет ќе се зголеми на 52% во 2030 година. Покрај тоа, обновливата енергија (ОИЕ) и природниот гас се веќе пред конкуренцијата во светски рамки, и ако владите дозволат поголема конкуренција на енергетските пазари, бројот на електрани што работат со јаглен ќе се зголеми уште повеќе, пишува Џон Вилијамс за „World Coal“.
„Carbon Tracker“ предупредува дека Кина, која произведува и троши околу половина од светскиот јаглен, може да се фокусира на градење на цела нова флота, за да ја зајакне својата економија по кризата со КОВИД-19. Од тинк-тенкот забележуваат дека едвај неодамна кинеската администрација за енергетика објави дека е подготвена да ги омекне правилата за инвестирање во јаглен.
На глобално ниво, многу влади поддржуваат скапи централи на јаглен – 90% од капацитетот на јаглен кој сè уште е во функција, во изградба или планиран е во земји со регулиран или полурегулиран пазар, каде постројките за јаглен се имплицитно или експлицитно субвенционирани. Спротивно на тоа, на слободните пазари повеќето јаглеродни капацитети веќе се непрофитабилни – 90% во Германија и 82% во Велика Британија во 2019 година.
„Кина и другите земји може да бидат во искушение да инвестираат во јаглен, за да им помогнат на нивните економии да се опорават од пандемијата, но ова ризикува да наметне обврска за скапа енергија на јаглен, што ќе ги поткопа глобалните климатски цели“, вели Мет Греј, автор на „Carbon Tracker“.
Глобалното користење на јаглен во производството на електрична енергија треба да падне за 80% во однос на нивото од 2010 година до 2030 година, за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, се вели во анализата на база на неодамнешните студии на ОН. Декарбонизацијата на глобалниот енергетски систем може да ја поддржи глобалната економија и да создаде до 28 милиони нови работни места до 2050 година, според Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРНА).
Како и да е, најновиот извештај на „Carbon Tracker“ откри дека владините субвенции ги стимулираат плановите за изградба на скоро 500 GW на нови постројки за јаглен ширум светот, со вкупна цена од 638 милијарди долари.
Во извештајот се вели дека Кина треба да ги преиспита плановите да потроши 158 милијарди американски долари за нови капацитети на јаглен од 206 GW, бидејќи „обновливите извори на енергија и батериите се поизводливи и поодржливи извори на економски раст“.
Коронавирусот нема да ја промени основната профитабилност од јаглените централи во Кина, но економскиот пад предизвикан од болеста ризикува да го ослабне процесот на планирање и регулативите за животната средина поврзани со какви било идни инвестиции.
„Carbon Tracker“ открива дека во Кина, 59% од јагленот на земјата со капацитет од 982 GW работи со загуба; уште 206 GW се во фаза на градба, при што 61% од нив влегуваат на пазарот на негативен проток на готовина. Во моментов, 71% од електричната енергија произведена од јаглен чини повеќе од изградба на нови ОИЕ.
Во индискиот регулиран пазар, 2% од постојната флота за јаглен, со моќност од 222 GW работи со загуба; уште 66 GW се во фаза на развој, но 23% ќе влезат на пазарот со негативен проток на пари. Веќе, 51% од производството на енергија на јаглен во Индија чини повеќе, отколку да се изгради нови ОИЕ.
Во САД, каде што се регулирани две третини од централите на јаглен, 22% од целата флота на јаглен веќе не е профитабилна, без планови за изградба на нови постројки.
Во Европа, 62% од достапните капацитети на јаглен, со вкупен капацитет од 146 GW, работи со загуба; Половина од 8-те планирани нови погони за јаглен ќе влезат во пазарот на негативен проток на пари. Веќе, 96% од енергијата произведена од погони со јаглен во Европа чини повеќе, отколку да се изгради нов ОИЕ.