Рита Ора избега од карантин во село, локалците бесни од она што го прави таму

од Берта Китинска
190 прегледи

Рита Ора побегна од Лондон кон село откако беше воведен карантин, а нејзините нови соседи воопшто не се задоволни од тоа.

Пејачката моментално е во Котсволдс во југозападниот дел на земјата со пет други лица и има резервирано сместување во куќата пред пандемијата. Таа, наводно, е со група луѓе, со кои работи на својот нов албум.

Мештаните се бесни откако Рита и нејзината екипа ги избркале од јавна површина и дрон им летал над глава.

Една жена изјави дека чуварите на Рита го расплакале нејзиниот син, ги избркале од јавна површина, и додека заминале, следувал дрон.

„Зарем таа не треба да ги следи правилата и да остане во Лондон?, се прашуваат тие.

Рита не се замара со нивниот гнев и наместо тоа позираше во ливада во маица без градник.

„Таа е смртно сериозна во врска со карантинот и дава се од себе за да се изолира“, рекоа пријателите на Рита, кои негираа дека сега организира забави.

Слични содржини