Северина уапсена во Белград: Пејачката го прекршила полицискиот час

од Берта Китинска
182 прегледи

Пејачката Северина Којиќ е уапсена вечерва во Белград,соопштуваат медиумите од нашиот северен сосед.

Според информациите, пејачката е сопрена околу 21 часот во близина на Трговскиот центар „Оков“ на улицата „Партизанска авијација“ во Белград.

Северина била во БМВ, со загребски регистарски таблички, а по проверките откриено е дека пејачката немала дозвола за движење за време на полицискиот час и била однесена во станицата.

Во моментот се спроведува кај прекршочен судија.

Слични содржини