149
„Вчера бев присутен на состанокот на општинскиот кризен штаб во Куманово, општина која е сериозно загрозена од пандемијата. Од денешната позитивна потврда за COVID-19 на градоначалникот на општина Куманово, иако како и сите присутни на состанокот бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидимиолозите сметаат дека е доволна заштита, останувам во изолација и ќе постапам согласно протоколите за постапување во вакви ситуации“,сподели министерот заобразование Арбер Адеми.
„На градоначалникот на Куманово, но и на сите заболени во моментов им посакувам брзо оздравување и заедно да излеземе од целата оваа состојба. Останете дома и грижете се за вашето здравје!“,додава тој.