
Според последните информации, заклучно со 15 часот, во Србија починале уште седум лица од коронавирус, со што вкупниот број на починати сега се 110.
Починаа пет мажи и две жени.
Во моментов, во болниците има 3.765 пациенти, а 122 се на респиратор. Во изолација има 20.156 лица, додека излечени се 534 лица.
Стапката на морталитет достигна 1,73 проценти.
Исто така, позитивни на вирусот се 616 здравствени работници од 6.667 тестирани.