Спасовски: Се прави план на кој начин после 1 Мај да почнеме да ги олеснуваме мерките

од Берта Китинска
327 прегледи

-Се прави план на кој начин после 1 Мај да почнеме да ги олеснуваме некои од мерките, за да се вратиме во нормала. Сметавме дека мерките за физичко дистанцирање даваат резултати, затоа и имаше одлуки за неработење на училиштата, градинките, многу компании не работеа, вклучително и оние во угостителството, туризмот, изајви техничкиот премиер Оливер Спасовски на онлајн стрим на прес-видеосесија, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“.

На новинарското прашање упатено до премиерот Оливер Спасовски, дали ќе има 14-дневен карантин во Куманово тој одговори, дека  Куманово не треба да се споредува со Дебар.

-Ќе разговара на владина седница, во Дебар беше регистриран првиот случај тогаш немавме кризна ни вонредна состојба, ако имате едно лице,  логично е да се затвори местото, за да не дојде до ширење на вирусот. Дали ќе се донесат рестриктивни мерки, ќе видиме и ќе разговараме и каков ефект би имал тој карантин, врз населението, изјави  Спасовски.

Слични содржини