Гренел: Немало разговори за размена на територии меѓу Србија и Косово

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Специјалниот претставник на Претседателот на САД, Доналд Трамп, за дијалогот Белград-Приштина, Ричард Гренел, денеска повторно негираше дека имало разговори за територијална размена.

„Апсолутно не се зборуваше за разменување територии и никој друг не зборуваше за тоа во мое присуство. Ова го кажавме многу пати“, напиша Гренел на Твитер.

На тој начин Гренел одговори на видео конференцијата за меѓународните медиуми, чиј домаќин беше виенскиот PresseClub Concordia, во кој се вели дека започнале разговори за размена на територии за време на мандатот на Федерика Могерини и дека Гренел ја презел идејата и продолжил да врши притисок врз Албин Курти да го прифати.