269
Задоволен сум како се одвиваат работите во Велес. Конечната одлука на Државниот здравствен инспекторат е дека „спорниот“ маркет може да работи. Односно нема опасност од Ковид-19, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Тој истакна дека мерките ќе ги дадат очекуваните резултати.
-Кога се во прашање училиштата и градинките, сметам дека што побрзо треба да се враќа животот во нормала. Мерките што сега се спроведуваат ќе ги дадат посакуваните резултати, вели Коцевски.