Во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат беа забалежани голем број на пропусти во организирањето на прес-конференцијата на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Се прави уште еден инспекциски надзор, за кој до вечер најкасно до утре треба да имаме информации, изјави Филипче.
Откако вчера градоначалникот на Куманово изјави дека по тестирања во приватни лаборатории увидел дека е негативен на коронавирусот, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека тое е поради разликата меѓу времето кога се направени тестовите.
Тестовите на Институтот на Јавно здравје се одобрени од СЗО, постои одредено временски период од тестирањето на кој се добива позитивен резултат па меѓувреме да се негативизира. Колку што знаеме дека меѓу тестовите имало разлика 17 дена, но мерките се даваат за да се почитуваат, со третиот тест бил по 10 дена што е доволен период за да стане негативен. Зад секоја мерка има зошто е тоа така.Периодот на инкубација е дека 14 дена, и тие денови мора да се поминат во изолација.Јас лично немам решение, но морам да седам 14 дена додека трае инкубацијата, изјави Филипче.