Шилегов ја покажа реконструираната „Пластичарска“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук објави фотографии од „Пластичарска“ улица.

Претходно најви дека во мај треба да биде објавен тендерот за продолжување на улицата до Тетовска трошарина, поточно до спојувањето со булеварот „Словенија“ каде ќе има висечки кружен тек.

Над неа, на столбови високи 5 метри ќе се гради кружен тек како продолжение на сообраќајот на булеварот кој со тунели ќе се пробие под скопското Кале.

Тој булевар ќе се поврзе со улицата „Македонско-косовска бригада“.