За време на епидемијата уапсени 1.000 лица во Косово

од Vladimir Zorba
112 прегледи

На Косово повеќе од илјада лица се уапсени од воведувањето заштитните мерки за борба против ширење на коронавирусот, а само во вторникот, полицијата уапси 64 лица за неисполнување на мерките за спречување на заразните болести, објави приштинска „Коха“.

Овие апсења, според Советодавниот совет на косовските правни експерти, ги кршат човековите права, посочуваат од „Коха“, додавајќи дека Кујтим Кервиши од тој Совет побарал косовската полиција да престане со апсењата, по оценката дека одлуката, донесена од Министерството за здравство,е административна.

Министерството за внатрешни работи одби да го коментира прашањето, велејќи дека тоа се уште е нејасно. На 13 март, владата во оставка го ограничи движењето на граѓаните, додека од Уставниот суд ја прогласија одлуката за неуставна, проследена со нови мерки преземени од Министерството за здравство во соработка со општините.

Одлуката беше испратена и до Уставниот суд за разгледување од Демократската партија на Косово.