Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис потврди дека канадски воен хеликоптер, кој исчезнал вчера на подрачјето меѓу Грција и Италија, се урнал во Јонското Море.

Во своето обраќање пред парламентот, тој изрази сочувство за несреќата на хеликоптерот за време на воените вежби на НАТО.
Официјални претставници на грчкото Министерство за одбрана соопштија дека грчки хеликоптер на Грчката морнарица е вклучен во потрагата по „C-148 циклон“, кој исчезна синоќа и дека мисијата за пребарување е извршена во координација со италијанските власти.
Микотакис рече дека ќе разговара со премиерот на Канада, Џастин Трудо, за да понуди сочувство за несреќата, пренесе АП.
Засега нема информации за бројот на членови на екипажот во хеликоптерот.
Канадските вооружени сили соопштија дека хеликоптер бил „вклучен во инцидентот“ и дека биле контактирани семејствата на исчезнатите членови на екипажот, без дополнителни детали.
Потрагата беше извршена западно од грчкиот остров Кефалонија, каде се одржуваа вежби како дел од поморската операција предводена од НАТО, управувана од Неапол.
Грчките медиуми вчера објавија дека исчезнал воен хеликоптер што делува со канадска фрегата како дел од операцијата на НАТО во Средоземното море.
Медиумите јавија дека имало најмалку три лица во хеликоптерот.