286
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во која наведува дека вредноста на работниците е уште поскапоцена во овие денови на предизвици и неизвесност предизвикани од коронавирусот.
– Први мај ја одбележува борбата за права на работниците и го одржува споменот на жртвите од чикашкиот штрајк поради кој овој датум се одбележува традиционалнo со демонстрации. Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители, вели Џафери во честитката.
Ниту еден економски напредок, додава Џафери, не може да биде постигнат без најважниот фактор, а тоа е човечкиот труд и потенцијал