Непознат сторител обесил верверичка во скопско Соње зашто му ги јадела оревите.
Вознемирувачки фотографии станаа вирални откако на фејсбук беа споделени од профилот на Маја Арсовска.
https://www.facebook.com/jomabo/posts/10219605088991119
Се огласија и од здружението за заштита на животните„Анима Мунди“. Во нивната објава велат:
„Ве молиме престанете да се однесувате како примитивци во 2020 година!
Сме се родиле со памет и срце за да бидеме грижливи и емпатични спрема другите битија со кои ја делиме Земјава.
Не сме само ние на овој свет и не ни припаѓа само на нас.
На крајот на денот навистина, колку кила ореви може да изеде една верверичка?“