Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови“

од Берта Китинска
1,3K прегледи

По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, денеска во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а загинал во селото Баница на денешен ден во 1903 година, по долга и измачувачка битка со турската војска. Делчев е идеолог, организатор, водач на македонското револуционерно национално ослободително движење и еден од творците на револуционерните правни акти.

Еве некои од неговите познати цитати:

“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”

“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”

“…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…”

“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”.

”Секоја подарена слобода е всушност ново ропство”.

”Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население”.

„Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

Слични содржини