А да го примениме овој модел!- Путин забрани на општинари и пратеници да имаат имот и сметки во странство

од desk3
88 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин одобри измена на руското законодавство во делот за борбата против корупцијата, станува јасно од сајтот на Кремљ, пренесе РБК.

zx450y250_2643557

Поконкретно документот воведува забрани, ограничувања и барања кои општинските раководители и регионални пратеници треба да ги почитуваат за да се спротивстават на корупцијата.
Меѓу одредбите влегува и забрана за регионалните управници да имаат имот и сметки во странство. “Интерфакс” прецизира дека законот се однесува до лицата кои привремено заземаат раководни позиции во одредена општина. Тие веќе ќе се должни и да известуваат за конфликт на интереси.

Законот исто така предвидува предвремено одземање на мандатот на членовите на Советот на федерацијата, пратениците од Државната дума и членови на органите за локална самоуправа ако не достават или го забават доставувањето на информации за имотната состојба на нивните семејства, вклучувајќи со какви примања, трошоци и недвижен имот располагаат предметните политичари, нивните сопруги / сопрузи и нивните деца.

Општинските раководители и регионалните пратеници имаат рок од три месеци, за да одлучат дали да ги затворат сметките во странство, или да се повлечат од функцијата.

Законот беше усвоен од страна на Државната Дума на 23 октомври и одобрен од Советот на федерацијата на 28 октомври.