А мигрантите ,кандидати за азил, да потпишуваат изјава дека ќе бидат “кодоши” на полицијата!?

од desk3
115 прегледи

Нели ви рековме дека тоа се освојувачи и силувачи, објаснуваат сега многумина по сексуалните напади во Келн и повикуваат: ставајте бариери и секој да стои таму каде што е. Но, тоа би ја убило нашата цивилизација- пишува DW.

0,,18718071_303,00

По сексуалните напади во Келн и другите европски градови на либерално размислување луѓе демонстрираа многу жолчно: нели ви рековме дека тоа се напаѓачи, силувачи, примитивни, непогодни за западниот начин на живот. Се разбира, ваквите одвратни дела треба да бидат сурово казнувани: во Германија се на пат да го зацврстат законодавството, за да може криминалците да бидат лишени полесно од бегалски статус.

Немам полициско искуство, но лично јас би вовел критериум за лојалност меѓу кандидатите за азил, а на прво место да биде ставено соработката со службите. Односно, да имаат предност оние бегалци кои ќе даваат информации на полицијата за злосторства, подготвувани од луѓе околу нив. Веројатно ви звучи цинично, но така работат полициите. И јас би се изненадил ако не постапуваат така и сега. Особено важна станува слична тактика, ако се покаже дека нападите биле организирани како вид терористички акт, за што постојано упорно се зборува.

Путин: Санкциите на ЕУ кон Русија се „театар на апсурдот“

Оттука натаму нека се погледне на случајот од малку заедничка перспектива. Нема да зборувам за вредности или хуманизам. Овие теми не се особено популарни, па дајте да размислуваме стратешки.

Нашата цивилизација и оние 3-4 милијарди луѓе

Што прави Западна Европа, кога ги прифаќа луѓето кои бегаат од “Исламска држава”? Прима работници, војници, робинки на бандити. Го прима легитимитетот на нивниот режимот , кој божем гради исламски рај на земјата – токму онака како “неверниците” едно време полека ја уништуваа комунистичката утопија. На овој начин Шведска, Германија и другите земји, ги отвори своите граници, учествуваат во војната со не помал придонес од САД, Франција или Англија, кои бомбардираат.

0,,18694736_401,00

Замислете само што би се случило ако се распоредени едни убави митралези на границите – Германците би можеле да ги извадат оние инсталации од времето на Берлинскиот ѕид, кои пукаа автоматски, без да го оптоваруваат морално поединецот војник. Или ако се понизиме на глупавите идеи на Доналд Трамп и настроени против него милијарда и пол луѓе во светот (неодамна од негов предизборен митинг беше избркана жена со шамија). Ако тоа се случи, ќе консолидираме против себе противник каков не сме имале во целата своја историја.

Нашата цивилизација нема помоќно оружје од интеграцијата. Таа започнува уште од времето на доцниот Рим, кој го раширува повеќе своето граќанство и така ги опфаќа околните народи. Продолжува потоа во времето на христијанството, кое ги надминува етничките групи и прифаќа во пазувите секакви индивидуи, независно од род и потекло. За да се дојде дури до модерната ера, која интегрира во поголеми размери религии, култури и територии. Токму така Западот ја освојува планетата, а не преку издигнување на ѕидови и граници. Од време на време се појавуваат пречки како Железната завеса, пиратите на Ал Каеда, нуклеарната програма на Северна Кореја, трговците со робови во Централна Африка – но сепак сериозна алтернатива на модерноста не се појавила. Модерноста во смисла дека секој може да влезе, да се доживее, да се докаже.

Ако се затвориме

Да видиме сега каква би била другата опција за која повикуваат приврзаниците на “тврдината” Европа. Да се ​​изолираме во комплекси од затворен тип и да трепериме внатре? Ако нашата цивилизација не настапува, таа е загубена. А да настапува значи постепено и цврсто да ги опфаќа оние 3-4 милијарди човечки суштества, кои останаа надвор од неа. Да не заборавиме и на демографскиот проблем кој напредниот Запад веќе со децении го решава само преку имиграција. Без зголемување на корисници и производители нема раст, а без раст светот – таков каков што го познаваме, нема иднина. И прашањето не е дали ни се допаѓа или не. Таква е едноставно ситуацијата.
Нема сомневање дека секое раздвижување на големи човечки маси води до несогласувања и конфликти. Во Германија веќе има 800 напади врз бегалски засолништа, при тоа со жртви. Секое злосторство е непристојно, не сакам да релативирам, но да се погледнат процесите од сите страни. Дали сте подготвени да се заколнете дека во последните две години на бугарско-турската граница немало случаи на сексуални напади врз бегалци? На кражби, уцени, шверцерство? За едно убиство слушнавме, но работите некако потонаа.

Не сме некоја христијанска парохија од 11 век

Надвор од сомневање е дека човечките текови треба да се совладаат, дека треба да се зголемат како контролата, така и напорите за воспитувањето на новодојденците – едвај има либерални луѓе кои ќе приговораат на тоа. Но денес левите и екстремната десница сакаат друго: стоп, ставање бариерата и секој да стои таму каде што е. Само што тоа е смртта на нашата цивилизација. Цивилизација која не е некоја христијанска парохија од 11 век, населена во прилично алпинистичка долина, туку глобална сила, која ја презеде одговорноста за оваа планета.