Опозициската Алијанса за Албанците (АА) ја поздравува подготвеноста на премиерот Димитар Ковачевски да седне и да разговара за отстранување на „20%“ и да се дефинира албанскиот јазик со устав, еднаш засекогаш, како албански јазик, се вели во соопштениети на АА по изјавата на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски дека е подготвен да седне да разговар и за ова прашање.
– Ги предупредуваме сите политички актери дека кога се отвора темата за 20%, нивниот пристап е погрешен, застарен и со трговска логика. Затоа, ве повикуваме да го промените овој пристап! Уставот треба да ги одразува вредностите кон кои сме ориентирани како држава и општество. Секој мора да разбере дека тој не е монарх, туку шеф на политички субјект и дека политичките, социјалните и етничките права на граѓаните им припаѓаат само на граѓаните, а не на монархот кој едно право го условува со друго право. Албанскиот јазик во уставот на Северна Македонија го има правото од минатото како автохтон јазик во овие земји, денешно право како јазик што го зборува најмалку 1/3 од вкупниот број на населението. Концептот на уставот треба да биде прозападен што им дава слобода на граѓаните, а не на болшевиците коишто им ја ограничуваат слободата, се вели во писменото соопштение на АА.
Се разбира, се вели понатаму во соопштението, за ова прашање прво мора да се разговара меѓу албанскиот политички фактор за да се изгради единствен став, без потреба да се натпреваруваме меѓу себе.
– Додека за форматот на разговорите поврзани со ова прашање и други грижи надвор од албанскиот политичкиот фактор, сметаме дека ова прашање добива сериозност кога на маса ќе седнат четирите најголеми политички субјекти во државата, велат од АА.
Д.Ј.