АА: Да се почитуваат резултатите од конкурсот за контролори на летање од данската компанија

од Destan Jonuzi
122 прегледи

Контролата на летање е сектор исклучително погоден од корупција на високо ниво, каде што се испреплетени финансиските интереси на највисоките владини функционери, велат од Алијанса за Албанците
Класичен случај на непотизам и институционална корупција со непредвидливи последици по човечки животи се обидите да се поништи конкурсот за контролори за летање во М-НАВ само затоа што не се избрани активистите и децата на партиските функционери од власта, реагираат од Алијанса за Албанците.

Станува збор за конкурс за обука на кандидати за контролори за летање во М-НАВ, на којшто во селекцијата биле избрани осум од 250 апликанти. За изборот на кандидати беше задолжена „Гејт авиејшн тренинг“ – лиценцирана фирма од Данска, меѓутоа иако селекцијата заврши обуката не е почната. Како што вчера објави порталот „Сакам да кажам“, тројцата членови на управниот одбор на М-НАВ, на чело со претседателот Фахрудин Хамиди, сакаат да го пропаднат огласот бидејќи меѓу осумте кандидати што го положиле испитот и биле селектирани за обуката од страна на данската фирма, не се децата на членовите на УО и на функционери од ДУИ кои конкурирале.

„Контролата на летање е сектор исклучително погоден од корупција на високо ниво, каде што се испреплетени финансиските интереси на највисоките владини функционери. Поранешниот Генерален секретар на Владата, Рашковски, беше фатен како мести тендери за опрема за воздушна контрола со средства од ЕБОР, но, случајот се уште не најде судски епилог, како и повеќето случаи на корупција на високо ниво во земјава“, се наведува во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Со цел да се избегне каква било можна трагедија, велат од АА, и да се гарантираат обврските на С Македонија во рамките на меѓународниот систем за управување со воздушниот сообраќај, од партијата ги повикуваат надзорните тела на М-НАВ да го спроведат изборот направен од данската компанија за обука.

„И веднаш да ги забранат злоупотребите во сектор со висока чуствителност коишто ги загрозуваат животите на патниците кои го користат скопскиот аеродром, без разлика на нивното државјанство и потекло“, повикуваат од партијата.

Слични содржини