Алијанса на Албанците, попладнево излезе со своја реакција, во рамки на предлогот за законот за државјанство, кој во една прилика денес го прокоменира, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски
„Оливер Спасовски продолжува да инсистира во неговиот шовинистички менталитет, со што се обидува да ги убеди граѓаните дека е во право за нешто што не е во негова надлежност.
Предлагач на Законот за Државјанство е Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, така да мислења ниту сме барале ниту ќе бараме од вас, а ниту МВР има право да дава мислење за законот.
Спасовски раководи со институција која ги дискриминира своите граѓани по етничка основа, лишувајќи им го правото на државјанство.
Го покануваме министерот Спасовски да го објави бројот на лица без државјанство и да се откаже од тенденцијата за замаглување на јавноста со бескорисни писма и мислења, бидејќи немаме потреба за мислење од вас.
Што да кажеме за Назим Буши, освен дека е срамот и црниот образ што го толерира овој расизам и шовинизам кон Албанците.
Дебатата и сите постапки за предметниот закон се одвиваат во Собранието и во согласност со деловникот за работа на Собранието“, стои во соопштението од АА.