Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за ослободувањето на српските државјани од плаќање на патарина при транзит низ земјава.

„Сметаме дека оваа владина одлука е противзаконска, бидејќи во Законот за јавни патишта таксативно пишува кои возила се ослободени од плаќањето на патарина. Затоа, оценуваме дека секоја владина одлука треба да биде во согласност со законите на Република Северна Македонија“, рече тој.

Владата пред неколку дена донесе одлука да се изработат 200.000 електронски картички за плаќање патарина за српските туристи и тие ќе им бидат давани на влез во Македонија на Табановце. На електронските картички ќе има 760 денари, колку што чинат патарините на автопатот од Табановце до Богородица. Ослободувањето од плаќање патарина ќе трае од 15 јуни до 15 август.

Ваквата одлука е донесена во знак на добра волја поради донациите на вакцини против Ковид-19 од Србија. Србија на земјава и донираше 8.000 вакцини „Фајзер“ во февруари, а потоа во април уште 40 илјади вакцини „Спутник“. Исто така, во Србија се вакцинираа и над 15 илјади македонски граѓани

Слични содржини