АА на Централното собрание денес ќе избира нови раководни тела и ќе дискутира околу преговорите за влез во Влада

од Radmila Tasevska
179 прегледи

На Централното собрание денес, ќе се бира претседател на собранието, нова позиција со новиот статутот на партијата, потпретседатели на секретари на партијата и членови на претседателството на Алијанса за Албанците.

– Секако ќе дискутираме и за тоа што на големо се зборува во јавноста. Дали вреди Алијанса за Албанците да преговара за влегување во Влада или воопшто не треба да се продолжат овие разговори, треба да се прекинат дефинитивно. Тука сме за да го слушнеме гласот на нашите претставници од сите легитимни ограноци на Алијанса за Албанците од сите делови на државата каде што функционираме како партија, изјави претседателот на Алијанса на Албанците.

Арбен Таравари вели дека нема предлог за две министерски места, според пишувањата на медиумите за правда и здравство.

– Нема предлог. Тоа се шпекулации. Вие знаете уште пред три месеци ни велевте предлог министри или не на министри, нема врска. Денес првпат ќе зборуваме за тоа дали вреди да се разговара на оваа тема или треба да се прекине и треба да одлучиме да продолжиме како опозициска партија, вели Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања дали има конкретен предлог од претседателот на Владата, Димитар Ковачевки, лидерот на Алијанса за Албанците е дециден и вели дека нема и ако имало, ќе го презентирале.

Според Таравари, никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен не може да се меша во Алијанса за Албанците, но најави дека ќе продолжи комуникацијата.

Слични содржини