AА започнува со кампањата „Каде се книгите“?

од Destan Jonuzi
283 прегледи

Опозициската Алијанса за Албанците (АА) започна кампања под наслов „Каде се книгите“?

– Училиштата влегуваат во 40-тиот ден без книги, а наставниците и учениците од 1 септември секој ден одат на училиште. Училниците се полни, но торбите се празни. Министерството за образование и наука (МОН) се уште нема готови книги, иако вети дека овој проблем ќе се реши во првата недела од почетокот на учебната 2022/2023 година. Ова може да се нарече еден од најголемите скандали што се случиле кај нас, бидејќи нашите деца трпат за нечија неспособност, велат од АА.

За таа цел, АА ја започнува кампањата: „Каде се книгите?!“ и ги повикува сите засегнати страни како и сите граѓани да се приклучат на оваа кампања./Д.Ј.

Слични содржини