Abarth го претстави својот најмоќен автомобил, електричниот 600e

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Abarth официјално го претстави својот најмоќен автомобил во историјата, електричниот Abarth 600e. Возилото доаѓа во две верзии, Turismo и Scorpionissima.

Turismo развива 234 КС, додека ограниченото издание Scorpionissimo (1.949 единици) испорачува 284 КС. И двете варијанти обезбедуваат високи перформанси, Turismo од 0 до 100 km/h забрзува за 6,24 секунди, додека на помоќниот модел Scorpionissima му требаат 5,85 секунди за истата задача. Максималната брзина е електронски ограничена на 200 km/h.

Abarth го опреми 600e со капацитет на батерија од 54 kWh, кој има посебен систем за ладење и овозможува автономија од 334 километри според стандардот WLTP. Моќта се испраќа на предните тркала, а има и Torsen механички диференцијал со ограничено лизгање за подобро управување и зафат.

Моделот 600e се базира на подобрена верзија на eCMP платформата на Stellantis наречена Perfo eCMP. Abarth работеше со неколку партнери, вклучувајќи ги Stellantis Motorsport, Michelin, Sabelt, JTEKT Torsen и Acon за да го развие овој електричен кросовер со високи перформанси.

Возачите можат да избираат помеѓу три режими на возење, имено Turismo, Scorpion Steel и Scorpion Track. Автомобилот исто така доби неколку надградби на шасијата, Alcon сопирачки, поцврста суспензија и заден стабилизатор, како и поширока трага на тркалата за подобро управување.

Надворешноста е украсена со уникатен „боди кит“ со подлабоки предни и задни браници, тркала од 20 инчи и истакнат заден спојлер. Дизајнот на браникот „коцка“ му оддава почит на моделот Abarth 850 TC „cassettone“.

Во внатрешноста, двете верзии на Abarth 600e имаат кади Sabelt, додека моделот Scorpionissima е покриен со алкантара. Внатрешноста е „оптоварена“ со технологија, вклучувајќи 7-инчен дигитален табла со инструменти, 10,25-инчен инфозабавен систем со екран на допир со Abarth графика и интеграција ChatGPT.

Слични содржини