Абас ги повика ОН итно да интервенираат: Стоп за израелската агресија врз палестинскиот народ

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и го повика итно да интервенира за да се запре израелската агресија врз палестинскиот народ, откако во Тел Авив беше објавено дека испораката на електрична енергија, водата и храната за Палестинците ќе бидат стопирани.

Абас посочи дека ова е кршење на меѓународното право и ја истакна важноста од обезбедување на прво место медицинска помош на луѓето во Појасот Газа, нагласувајќи ја потребата Обединетите нации да интервенираат за да се спречи хуманитарна катастрофа, пренесе палестинската новинска агенција ВАФА.

Тој ги повика ОН да ги исполнат своите меѓународно признати обврски и да обезбедат меѓународна заштита на палестинскиот народ.

Абас повтори дека единственото решение за ескалацијата што се случува во регионот е да се стави крај на израелската окупација на Палестина, со Ерусалим како главен град.

Гутереш рече дека Обединетите нации прават напори да обезбедат итна хуманитарна помош за луѓето од Појасот Газа и да воспостават контакт со сите заинтересирани меѓународни страни за да се запре тековната ескалација.

Слични содржини