171
Најважно за Црна Гора е да добие нов претседател и тоа да не биде Мило Ѓукановиќ, изјави денеска премиерот Дритан Абазовиќ, но не кажа дали неговиот ГП Ура ќе има свој кандидат на претстојните претседателски избори на 19 март.
Одговарајќи на новинарски прашања во Подгорица, Абазовиќ уште еднаш ги повика пратениците да изберат четворица судии на Уставниот суд.
„Се надевам дека од овие 26 кандидати ќе постои договор да се изберат четворица за судии на Уставниот суд“, рече Абазовиќ.