Абазовиќ: Ги молам граѓаните да штедат струја и гориво, нè очекува тешка година

од Nikola Popovski
207 прегледи

Црногорската влада прави се што може за да им олесни на граѓаните кога се во прашање цените на горивата, но не може да ја запре војната во Украина, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Тој рече дека најголема грижа на Владата е што ќе се случува наесен, бидејќи „не само што ќе имаме енергетска криза, туку и храна“.

„Сериозните земји сериозно размислуваат за претстојната криза. Ќе ги преземеме сите мерки и ги презедовме, а веќе имавме иницијатива за акцизната политика“, рече Абазовиќ на прес-конференцијата во Вила Горица по средбата со премиерката на Финска Сана Марин.

Абазовиќ истакна дека ќе направи се за да им олесни на граѓаните.

„Ги замолувам граѓаните да работат на заштеда на струја и гориво. Граѓаните, иако е добро време можеби повеќе да се прилагодат на здравите начини на живот. Ова не е апел за промена на навиките, но се во светот е пред тешка година и нема да ја заобиколи ниту Црна Гора“, предупреди Абазовиќ.

Премиерот на Црна Гора смета дека добрата и паметна политика и регионалната соработка, како и за време на пандемијата на коронавирус, може на најдобар начин да ја надминат оваа ситуација.

Слични содржини