Абазовиќ и Рама денеска ќе се сретнат со Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и неговиот албански колега Еди Рама пристигнаа во Киев на покана на украинскиот претседател Владимир Зеленски, со кого ќе се сретнат во текот на денот.

„Со Еди Рама пристигнавме во Киев за да обезбедиме искрена поддршка на Украина и нејзините граѓани во одбраната на правото на слобода. Црна Гора ќе продолжи да ѝ помага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа“, напиша Абазовиќ на Твитер.

По свечениот пречек во Киев, предвидена е посета на Бороѓанка, град недалеку од Киев кој беше погоден од војната.

Слични содржини