Дејан Перуничиќ, поранешен директор на Црногорската агенција за национална безбедност, е тој што наредил незаконско следење на политичари, новинари и луѓе од јавната сцена, рече заменик-премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Абазовиќ изјави дека редакцијата на порталот актуелно.ме ќе биде повикана на одговорност, бидејќи тие рекоа дека го знаат идентитетот на лицето кое на нивниот портал беше потпишано како „Професионалец“, и кое се обидуваше да го дискредитира новиот директор на АНБ, Дејан Вукшиќ и тајни полицајци.
Тој исто така посочи дека, доколку Специјалното државно обвинителство (СДТ), до кое се доставени сите податоци, не ја заврши својата работа, тие ќе ги објават имињата.
Абазовиќ посочи дека Владата води европска политика и дека измените во законот за гонење ќе бидат во согласност со добрата практика.