Абазовиќ кон Белград: Да ви биде јасно, Црна Гора е независна држава

од Vladimir Zorba
326 прегледи

„На сите треба да им биде јасно, особено на официјалните лица од Белград кои во последно време многу се занимаваат со Црна Гора, дека ова е независна држава која одлучува за својата судбина и не се согласува на понижување“, рече црногоракиот вицепремиер Дритан Абазовиќ.

Пораките испратени до Црна Гора пристигнаа од официјален Белград денес од две адреси.

Александар Вучиќ изјави дека Резолуцијата за Сребреница е против виталните интереси на српскиот народ, додека Ивица Дачиќ го повика новоизбраниот митрополит на Црна Гора и крајбрежјето, Јоаникије, „да се вклучи во решавањето на политичката криза во Црна Гора и да се позанимава со Кривокапиќ“.

Абазовиќ, исто така, рече дека нема страв дека ДПС ќе се врати на власт.

„Нема страв од враќање во стариот режим. Без оглед на некои несогласувања, груби зборови или нервоза, сигурен сум дека сите претставници на парламентарното мнозинство нема да се коцкаат со историскиот пресврт што се случи минатиот август, кога за првпат беше стартувано демократското тркало. Особено што сè уште очекуваме вистинско демонтирање на октоподот, бидејќи тоа во голема мера зависи од судските тела кои се на пат кон нивна консолидација“, рече Абазовиќ.

Тој исто така рече дека ситуацијата во Црна Гора е предимензионирана, особено во странство.

„Мислам дека понекогаш, непотребно, ја преценуваме ситуацијата и имаме тенденција да подлегнуваме на општата пропаганда што се одвива посилно надвор од земјата отколку во самата Црна Гора. Само запомнете колку такви ситуации имаше и на крајот, сите беа надминати на прилично добар начин. Колку напади имаше во периодот на одлуки за учество на изборите, формирање Влада, предлагање премиери, што се случи кога дојде редот на Договорот… Многу прашина, но малку конкретизација. Затоа, опуштено! На сите треба да им биде јасно дека националните интереси на Црна Гора се пред какви било партиски пресметки. Ние мора да ги афирмираме граѓанскиот концепт и европската политика и сите наши одлуки мора да бидат компатибилни со тие цели. Нема дискусија за тоа“, рече Абазовиќ.

Потсети дека Црна Гора води добрососедска политика.

„Апелирам до сите актери да се ослободат од национализмот, непријателството и минатото, бидејќи тоа не ни донесе ништо добро. Да бидеме посветени на решавање на проблемите и промена на иднината. Подготвен сум за дијалог со колегите и тој е многу потребен во овој момент. И Премиерот и лидерите на партиите од парламентарното мнозинство знаат дека излезот од оваа ситуација е во разговор и договор“, заклучи Абазовиќ.

Слични содржини