Абазовиќ: Нашиот однос треба да биде пример за регионот, Црна Гора и С.Македонија се братски земји

307 прегледи

По билатерната средба, денес вицепремиерот на Владата на Црна Гора, Дритон Абазовиќ изрази благодарност за соработката со С.Македонија и го честиташе успехот во многуте сфери на нашата земја.

„Новата Влада на Црна Гора оствари најголема билатерална соработка со С.Македонија и нашите две земји имаат братски однос. Токму вашиот министер за внатрешни работи беше првиот кој оствари официјална средба во нашата Влада. Ние сакаме со вас да градиме најдобри можни односи и да бидеме пример во регионот. Заедно да настапуваме на европската патека, а фокусот треба да го насочиме кон подобриот стандард и зглемување на економијата. Црна Гора е најзависна од туризмот, но можеби со некои наши одлуки дозволивме некои граѓани да го посетат црногорското приморје. Оттаму повикувам вашите граѓани претстојните одмори да ги поминат во нашата земја. Западен Балкан се состои со земји кои имаат мали пазари, но со заеднички напори можеме да оствариме големи резултати. Исто така, треба да се бориме со корупцијата и криминалот и да се однесуваме домаќински. Наша обврска е да создаваме амбиент за инвестициите и да бидеме плодни земји за странскиот капитал. Треба да создаваме нови вредности, иако предизвиците се големи и исто така да ги прифатиме правилата кои важат во западниот свет“, истакна Абазовиќ.

Слични содржини