161
Владата на Црна Гора нема да се однесува заштитнички кон никого, изјави премиерот Дритан Абазовиќ и најави промени во полициската управа.
Тој рече дека нема да поднесе оставка и дека „не е подготвен да прави компромиси на штета на Црна Гора поради опстанокот на владата“.
Меѓу другото, Абазовиќ рече дека изборите мора да се одржат или пред или веднаш по Нова година, но оти смета дека треба да има добро заокружени институции.
Говорејќи за техничката влада како решение за политичката криза, тој рече дека што и да се договорат 41 или повеќе пратеник е сосема легитимно.