Абазовиќ: Нема раскол во владејачката коалиција на Црна Гора

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ тврди дека нема раскол во владејачката коалиција на Црна Гора и оценува дека министерот за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ „сторил прекршок“ со својата изјава за Сребреница и дека е до „премиерот Здравко Кривокапиќ како да се процени тоа и до кој степен“.

– Тој ја донесе одлуката и сега треба да видиме какви импликации ќе има таа одлука вкупно врз одразот на политичкото мнозинство – рече Абазовиќ за Н1.

Додаде дека разбира дека опозицијата потенцира теми кои, како што рече, не можеле да ги завршат во мандатот и објасни дека тоа го прават со цел да создадат раздор, со цел да го заштитат својот капитал.

– Но, министерот за правда Владимир Лепосавиќ исто така мораше да го разбере тоа – рече Абазовиќ.

На прашањето дали Владата на Црна Гора има заеднички став по прашањето за Сребреница, Абазовиќ рече дека има заеднички став, а тоа е дека сите мора да ги почитуваат одлуките на меѓународните судови, пренесе Танјуг.

– И не само меѓународните судови, туку и сите оние одлуки што имаа директна или индиректна врска со нашата земја, поминаа низ нашите институции – рече Абазовиќ.

Кривокапиќ бара повлекување на министерот Лепосавиќ, кој на прашањето од пратеникот на ДПС дали го признава геноцидот во Сребреница, одговори дека е подготвен да признае дека геноцид се случил кога, како што рече, недвосмислено ќе се утврди.

Слични содржини