344
Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ тврди дека претседателот Мило Ѓукановиќ и должи на државата 12,4 милиони евра данок.
„Додека зборуваше за наводното почитување на Уставот и законот, Мило Ѓукановиќ и должи 12,4 милиони евра данок на државата“, напиша Абазовиќ на својот профил на Твитер.“.
„Нема повеќе недопирливи“, рече Абазовиќ, кој заедно со пораката објави и податоци за блокирани правни лица од порталот на Централната банка на Црна Гора.