Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ допатува во Охрид каде ќе присуствува на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“.
„Сите наши најважни надворешнополитички партнери се тука“, напиша Абазовиќ на Твитер по пристигнувањето во Охрид.
Тој навел дека на маргините на средбата се сретнал со премиерот на Албанија, Еди Рама и со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.
„Местото на Западен Балкан е во ЕУ. Црна Гора како лидер во интеграциите е подготвена да биде позитивен пример во тој процес“, посочил Абазовиќ.
Иницијативата „Отворен Балкан“ ја сочинуваат Србија, Албанија и Северна Македонија, а на самитот во Охрид како набљудувачи присуствуваат Црна Гора и Босна и Херцеговина.