248
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека шверцот со цигари во Црна Гора е „клинички мртов“, откако денеска во државна сопственост премина голема залиха тутунски производи без акциза во вредност од десетици милиони евра.
Абазовиќ потврди дека се работи за повеќе од 100.000 пакувања цигари складирани во пристаништето во Бар, нагласувајќи дека намерата на Владата е да се воспостави легална инфраструктура за цигарите да не се уништуваат, туку легално да се продаваат.
Абазовиќ рече дека сите активности на неговата влада на полето на борбата против организираниот криминал ќе бидат насочени кон запленување на се што е незаконско и ставање достапно на граѓаните на Црна Гора.