216
Мандатарот за состав на црногорската влада, Дритан Абазовиќ денеска изјави дека составот и експозето на новата влада се завршени и дека го известил Собранието дека Црна Гора е подготвена да ја добие 43-тата влада.
„Очекувам поддршка од 46 пратеници бидејќи не успеавме да дојдеме до 49“, рече Абазовиќ на прес-конференција, презентирајќи го концептот на идната влада, која, како што вели, ќе почива на два столба – владеење на правото и владеење на правото и економски развој.
„Сега останува на пратениците, тие треба да одлучат кога ќе се одржи седницата, што се однесува до мене, можеби ќе биде утре, но празник е, па пореално е да биде следната недела “, рече Абазовиќ.