Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ на 1 септември ќе отпатува за Белград каде на покана на организаторите ќе учествува на Меѓународниот саем за вино „Винска Визија на Опен Балкан“.
Саемот е организиран под покровителство на владите на Србија, Република Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
Меѓу регионалните лидери, на саемот ќе присуствуваат и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот Еди Рама и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Министерката за трговија, туризам и телекомуникации во Владата на Србија, Татјана Матиќ изјави дека „Винска Визија на Отворен Балкан“ е еден од првите заеднички чекори во конкретизирање на идеите и стратегијата на „Отворен Балкан“.
„Оваа манифестација е резултат на заедничката работа на три земји и идеална можност не само да ги позиционираме винските рути на Балканот на светската мапа на вински тури, туку и да ги етаблираме нашите земји подобро и полесно на светската мапа на атрактивни туристички дестинации“, изјави претходно Матиќ.
Најавено е дека настанот ќе собере изложувачи од регионот и од целиот свет.
Саемот се одржува од 1 до 4 септември на Белградскиот саем.