295
Црногорскиот Вицепремиер Дритан Абазовиќ рече дека во јавниот сервис, Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ) недостасуваат реформи.
„Веќе 200 дена создаваат ситуација како да ќе почне војна. Тоа е спротивна улога на јавниот сервис“, објави тој во Собранието, одговарајќи на прашањето на пратеникот на Либералната партија (ЛП), Андрија Поповиќ.
Абазовиќ рече дека она што го гледа во јавниот сервис е катаклизма: „Ова е мое лично мислење како граѓанин и политичар на кое имам право. Се срамам од РТЦГ. Тоа е медиум кој поларизира, електрифицира атмосфера, ги турка луѓето во конфликти“.