Абазовиќ за Штрпци: Време е правдата да тропне на врата

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Заменик премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, зборуваше денес, по повод 28-годишнината од злосторството во Штрпци.

Тој изјави дека семејствата на невините жртви чекаат правдата да тропне на вратите на сите сторители и на нивните налогодавци.

„Имаме обврска кон душите на жртвите, нивните семејства, но и кон угледот на државата. Прашањето за расветлување на тој случај, како и сите други нерешени прашања, е исто така прашање на совест за нас кои се на важни позиции во земјата“, рече Абазовиќ во писмената изјава.

Абазовиќ посочи дека воените злосторства не застаруваат и дека завршувањето на судењето во тој и во сите други случаи е „неизоставен дел од нашето соочување со минатото и со цивилните жртви на војната во поранешна Југославија“.

Денес се навршуваат 28 години од злочинот во Штрпци, кога припадниците на Војската на Република Српска (ВРС) на железничка станица, од воз кој сообраќаше на релација Белград-Бар, изведоа и убија 20 патници, цивили од несрпска националност.

Слични содржини