Абу Даби дозволува граѓански брак за немуслимани

од Берта Китинска
634 прегледи

Најновиот декрет на владетелот на Абу Даби им дозволува на немуслиманите да го регулираат својот брачен статус поинаку од претходно, а од недела ќе можат да се венчаат, да се разведуваат и да имаат заедничко старателство над децата според одредбите на граѓанското право, објави агенцијата WAM.

Тоа е еден од последните потези на Обединетите Арапски Емирати, земја во која брачниот статус е регулиран според строгите шеријатски принципи, за одржување на конкурентноста како регионален трговски центар.

Според декретот на владетелот на Абу Даби, шеикот Калифа Зајед ал Нахаџан, кој е и претседател на федерацијата на седум емирати на ОАЕ, новиот закон ги опфаќа граѓанските бракови, разводот, алиментацијата, заедничкото старателство над децата, доказот за татковство и наследството.

Целта на законот е „да се зајакне позицијата и глобалната конкурентност на емиратот како една од најатрактивните дестинации за таленти и луѓе со вештини“, пренесува WAM.

Граѓанскиот закон за немуслиманите е прв од ваков вид во светот што е „во согласност со најдобрата меѓународна практика“. Во Абу Даби ќе се формира нов суд кој ќе се занимава со немуслимански семејни прашања, а сите прашања ќе се решаваат на арапски и англиски јазик.

Слични содржини