AC / DC подготвуваат нов албум со Аксел Роуз

од Vladimir Zorba
598 прегледи

Легендарната австралиската рок група АС / DC ќе продолжи да прави концерти со Аксел Роуз и дури се подготвува да издаде нов албум со пејачот на американскиот бенд Guns N ‘Roses, пишуваат „Дејли експрес“ и „Њу мјузикл експрес“. Изданијата се повикуваат на Мареј Инглехарт, биографот на AC / DC.

Иднината на легендарната група, формирана во 1973 година во Австралија, беше под сомнение по редица загуби и проблеми, кои ја обележаа во последните неколку години. Во 2014 година основачот на АС / DC, Малколм Јанг беше принуден да се повлече поради здравствени проблеми. Јанг почина на 18 ноември минатата година на возраст од 69 години.

Во 2015 година, групата остана и без својот долгогодишен тапанар Фил Руд, откако пред судот во Нов Зеланд тој се изјасни за виновен по обвиненијата за закана за убиство и поседување на дрога. Руд беше заменет од Крис Слејд за тогашната светска турнеја „Rock or Burst“ на АС / DC.

Една година подоцна, поради проблеми со слухот и ризикот од глувост, вокалот Брајан Џонсон мораше да ги прекине нивните концерти. Рокерите успеаја да ја завршат својата турнеја благодарение на Аксел Роуз, кој го замени Џонсон. По завршувањето на концертната турнеја, басистот Клиф Вилијамс објави дека ќе ја заврши својата музичка кариера.

Од оригиналниот состав на АС / DC остана само гитаристот Ангус Јанг, што ги натера фановите да очекуваат прогласување крај на легендарната формација. Сега сепак биографот на групата Мареј Ингелхарт напишал на страната на Facebook дека партнерството меѓу Аксел Роуз и Ангус Јанг ќе продолжи во форма на концертна активност и дури на нов албум.

„Шпекулирајте колку сакате, но сум кажувал и пак ќе повторам – групата АС / DC ќе продолжи да работи со Аксел како вокал и ќе издаде нов албум со него. Големиот ризик кој Ангус го презеде со овој потег се покажа профитабилен, и ја подготви сцената за иднината“, напиша Ингелхарт.

Аксел Роуз во моментов е ангажиран во турнејата на „Guns N ‘Roses“ наречена „Not In This Lifetime“, која треба да заврши во јули во Шведска. Гитаристот Ричард Фортус претходно потврди дека американскиот бенд, исто така, планира да издаде нов албум.

Слични содржини