„Дрога во пијачка“, „кафуле“, „Оливер Спасовски“, „дилери Албанци“, „МВР“, „власта предводена од СДСМ и ДУИ“, „државата“, „институциите“, „самоубиство“, „немите новинари“… се главните поенти (виновници) околу смртта на 18 годишно момче во Скопје, што се објавуваат на социјалните мрежи.
За овие „епитети“ се погрижи професорката на УКИМ, Виолета Ачкоска, која денеска ја избриша од Фејсбук објавата за смртта на средношколецот од СУГС „Георги Димитров“, со која предизвика паника, револт и страв меѓу граѓаните. Таа вчера на својот Фејсбук профил објави дека младо момче почина како последица од дрога што му била ставена во пијачка во кафуле.
„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката Ачковска на својот Фејсбук профил, на 14 март 2023 година.
Таа по 24 часа го избриша статусот.
Целиот текст на следниот линк!