Ацковски: Фотографијата на Заев со членови на ДИК е од лани, лажат дека е од средба овој викенд

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Провладините медиуми денеска со наслови „скандал“ и „шокантно“, пласираа сторија поткрепена со фотографија дека наводно вчера вечерта лидерот на СДСМ, Зоран Заев во некој ресторан во подрум во периферијата на Скопје остварил средба со претседателот на ДИК, Никола Рилковски и со Виолета Дума членка на комисијата (и двајцата на предлог на опозицијата) за да договорел со нив како да се изјаснела  ДИК околу аудио снимките и тврдењето на опозициската СДСМ дека имаат несоборливи докази за украдени и лажирани избори.

zaev-rilkovski-duma1-5001

На фотографијата до Заев е Костадин Ацковски, претседател на ОК на СДСМ Ѓорче Петров. Во изјава за Либертас тој тврди дека фотографијата е стара, таква средба имало но била пред ланските парламентарни избори.

zaev-rilkovski-duma5001

Ме најдовте на Автобуска станица во Битола. Работам во јавното претпријатие МРД (Македонска радиодифузија) и од 27-ми минатиот месец сум на предавателот на Пелистер, и еве чекам автобус за дома, за Скопје. Ја видов фотографијата и  што да ви кажам… Одговорно тврдам дека фотографијата е стара, од пред последните парламентарни избори, јас сум тој што седи до Заев, вели Ацковски за Либертас. Ако не верувате и вие и другите медиуми слободно обратете се на директорката на МРД, таа ќе ви потврди дека овој викенд, односно од 27-ми како што ви реков, сум службено на Пелистер. Ќе се согласите, и таму и на „тајна средба“ викендов, не сум можел да бидам – тврди  за Либертас  Ацковски.