АД ЕСМ доби ново раководство: Лазо Узунчев е назначен за претседател на Управниот одбор и генерален директор

од Илинка Илиоска
127 прегледи
Надзорниот одбор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го именуваше новиот Управен одбор на компанијата. Лазо Узунчев, дипломиран машински инженер со долгогодишно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор, е назначен за претседател на Управниот одбор и генерален директор.

Во новиот Управен одбор, покрај Узунчев, се именувани и Реџеп Асани како заменик-генерален директор, Ѓорѓи Ѓорѓиевски како директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски како директор на производство, Виктор Јовановски како директор за комерцијални работи, Иван Стојановски како директор за финансиски работи, и Владимир Пејоски како директор на развој и инвестиции.

„Со изборот на новите членови на Управниот одбор, приоритет е енергетската стабилност на државата преку ефикасно управување, финансиска консолидација и зајакнување на капацитетите на компанијата на сите нивоа,“ се наведува во соопштението од Владата.

Дополнително, меѓу целите на новото раководство е и „оптимизација на трошоците и реализација на развојни проекти со цел АД ЕСМ да стане компетитивна компанија која ќе ги задоволи потребите од електрична енергија за крајните потрошувачи,“ прилагодувајќи се на „условите на пазарот и строгите барања за чиста животна средина.“

Слични содржини